Европскиот шампион Вардар и бразилскиот интернационалец Жозе Толедо се разделуваат по само една сезона.
Бразилецот не се прослави во редовите на ,,црвено -црните” иако дојде на голема врата во нашиот тим, како најзвучно летно засилување. Повредите го оневозможија десниот бек да настапи за Вардар речиси целата натпреварувачка сезона. По ова заминување, Вардар ќе мора да бара нов десен бек.
Толедо во новата сезона ќе настапува за тимот на Баја Маре.
Му посакуваме успех во новата средина.