Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ништо од Вардар, Митревски заминува во Порто
Ништо од Вардар, Митревски заминува во Порто

Ништо од Вардар, Митревски заминува во Порто

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски нема да го засили Европскиот првак Вардар, затоа што во новата сезона ќе брани во португалската лига, во амбициозниот тим на Порто.

Митревски се најавуваше како замена за Гедбан во редовите на ,,црвено – црните” , но сепак Порто беше конкретен и успева да ги добие услугите на македонскиот голман кој во минатото беше дел од нашиот тим.

Сега, Вардар ќе треба да бара нов голман. Во овој момент сигурен е само Борко Ристовски. Тука е и Гогов, кој доби шанса оваа сезона. Младиот Кизиќ сеуште нема потпишано нов договор, а Гедбан и Кугис се веќе минато за нашиот тим.