Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горбок заминува од Вардар!

Горбок заминува од Вардар!

Сергеј Горбок, 37-годишниот руски ракометар од следната натпреварувачка сезона нема да го носи дресот на нашиот тим. Русинот на својот Инстаграм профил го потврди заминувањето од клубот, а им се заблагодари на навивачите, на Градот Скопје и на Сергеј Самсоненко.

„Сакам да кажам дека сум благодарен за се што доживеав во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и до градот Скопје. Многу сум среќен што успеав да запознаам многу луѓе што станаа важен дел од мојот живот. Голема благодарност до Сергеј Самсоненко за најдобриот ракометен клуб во светот. Среќен сум што имав шанса да играм во овој клуб, полн со луѓе кои се прекрасни. Мојата порака до сите е благодарам“, напиша Горбок.

Фала ти за се, Сергеј Горбок!