Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за победа над Ренова!
Време е за победа над Ренова!

Време е за победа над Ренова!

Денес од 15 часот на нашата арена гостува тетовска Ренова, секогаш незгодниот тим за нашиот Вардар.
Ренова е стар должник на Вардар, сите знаеме и сеуште не боли како тоа нашиот тим испадна од купот на Македонија, по разочарувачкиот резултат во Тетово.Но ова е друго време, имаме подобар тим, од есеноска, и се надеваме дека Вардар тоа ќе го прикаже на најдобар начин, и ќе им се реваншира на тетовчани за елиминацијата од купот.

Се надеваме на една одлична партија на нашите момци, и лесна победа против тимот кој што е во одлична форма и има низа од 6 натпревари без пораз. Оваа серија мора да се прекине денеска.
Дојдете на стадион да му помогнеме на нашиот Вардар да стигне до значајни три бода во борба за титулата со Работнички.

ВАРДАР – Ренова 15.00 часот