Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ПРЕНОСИ ВО ЖИВО! ОД МЕЧЕВИТЕ НА ФК ВАРДАР И РК ВАРДАР
ПРЕНОСИ ВО ЖИВО! ОД МЕЧЕВИТЕ НА ФК ВАРДАР И РК ВАРДАР

ПРЕНОСИ ВО ЖИВО! ОД МЕЧЕВИТЕ НА ФК ВАРДАР И РК ВАРДАР

Денес двата машки колектива ракометниот и фудбалскиот ќе се обидат да дојдат до многу значајни победи . И двата меча за оние вардарови навивачи кои нема да бидат присутни во Килце и на Арената Филип втори ќе можат да ги проследат во живо на малите екрани .

Прв меч е на ФК Вардар со Ренова со почеток во 15-00 часот , меч од Македонската фудбалска елита кои ќе се одигра на нашиот најголем фудбалски храм . Вардар овој меч го дочекува од врвот , а Ренова која изненадувачки се проби на третата позиција ќе се обиде да се зацврсти на истата позиција . Особено по поразот на  вчерашниот дуел на нивниот директен конкурент  Шкендија .Мечот ќе може да го следите на МТВ собранискиот канал на вашиот ТВ применик или на – Овој линк.

Само триесетина минути подоцна во Киелце ќе почне мечот кој е последната скала на нашиот ракометен црвено-црн тим до толку посакуваниот Ф-4 завршен турнир во Келн. Почетната негатива која ја носиме од Скопје е -2 но да не заборавиме ние  се уште имаме шанси ако знаеме дека Киелце игра подобро на гости одколку на домашните мечеви. Овој меч ќе може да се следи на Алфа ТВ со напомена дека пред почетокот на натпреварот ќе има отворено ракометно студио . За оние кој нема да го гледаат мечот на малите екрани можат да го гедаат на  –  Овој линк.