Нова победа за кадетите на Фк Вардар во рамките на 14 коло од првенството. Во дербито против екипата на Работнички, забележаа победа од 2:0. Капитенот Борјан Тодоровски и Виктор Димков погодија за црвено-црните.
-Среќни сме поради победата во ова градско дерби и продолжување на победничката серија во првенството. Натпреварот го отворивме рано, со мојот погодок уште во втората минута, па Димков зголеми на 2-0 во почетокот на второто полувреме. Ние го диктиравме темптото на игра во текот на целиот натпревар и мислам дека заслужено стигнавме до трите бода.Честитки и за фудбалерите на Работнички за фер и коректниот натпревар. Навистина тежок натпревар, заморот преовладуваше кај поголем дел од екипата.
После пласманот во финалето на купот, откако го елиминираа тимот на Металург, во следното 15 коло противник ќе им биде екипата од Железара. После овој меч многу работи можат да станат јасни, околу идниот Шампион во оваа категорија.
-Одигравме два тешки наптревари за четири дена, задоволни сме од исходот но мора да продолжиме понатаму. Другата недела не очекува исто така дерби натпревар со екипата на Металург каде целиме кон победа и зацврстување на првата позиција на табелата, изјави капитенот Тодоровски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски