Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за дерби, Вардар атакува на победа!
Време е за дерби, Вардар атакува на победа!

Време е за дерби, Вардар атакува на победа!

По паузата поради репрезентативните настапи, се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија.

Откако Вардар одигра дерби дуел минатото коло со Пелистер, на ред е уште една дерби пресметка, овој пат против лидерот на табелата тетовска Шкендија. Вардар и на овој натпревар фаворитската улога му ја препушта на противникот. Васоски има рецепт за победа на Градски, па така сака да се повтори играта и резултатот од дуелот со тимот од Чаир пред неколку недели кога Вардар победи, а не беше фаворит.

Противникот на овој дуел ќе настапи без својот стандарден играч од одбраната Бејтулаи. Кај Вардар, здравствениот билтен е со една главоболка. Цветаноски денеска нема да биде во составот на Вардар и Колевски кој веќе е минато за шампионот на Македонија.

Дерби дуелот започнува од 14:30 часот, со директен пренос на МТВ 1 и МТВ 3.