Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во шесттото првенствено коло кај младинските категории
Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во шесттото првенствено коло кај младинските категории

Дерби помеѓу Вардар и Пелистер, во шесттото првенствено коло кај младинските категории

Своите натпревари од шесттото првенствено коло, младинските категории на ФК Вардар ќе ги одиграат во сабота. По пауза од една недела порази репрезентативни настапи се враќаме на мечевите во првенството. Пионерските екипи гостуваат во Битола, на екипата на Пелистер, додека со истиов противник на теренот на академијата своите мечеви ќе ги одиграат кадетите и младинците. Мечевите започнуваат од 10 и 12 часот.

Помладите пионери се во добра форма, каде по првите пет одиграни кола имаат четири победи и еден нерешен резултат. За разлика од нив повозрасните пионери никако не можат да ја пронајдат својата вистинска форма и до пред одигрување на овој натпревар имаат само една победа, три нерешени резултати и еден пораз.

Кадетите и младинците имаат шанса на домашен терен да се вратат на победите, откако во минатото коло беа минимално поразени од екипата на Шкупи. Кадетите имаат две победи, еден нерешен резултат и еден пораз по пет одиграни кола, додека младинците се со три победи и два порази.