Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФФМ даде зелено светло, Максимов доби право за настап
ФФМ даде зелено светло, Максимов доби право за настап

ФФМ даде зелено светло, Максимов доби право за настап

Конечно се чини дека се е веќе решено околу случајот Максим Максимов. Русинот напрвин доби дозвола од УЕФА да настапува за ФК Вардар, а сега со зелено светло се огласи и Фудбалската Федерација на Македонија.

ФФМ го одобри барањето на ФК Вардар, па така Максимов е пријавен за утрешниот дерби дуел против тимот на Шкендија. Максимов важи за еден голем талент, тоа го покажа во квалификациите ова лето каде за Тракаи постигна дури седум погодоци на шест натпревари. Токму против утрешниот противник Максимов погоди два пати, ова беше добра препорака играчот да влезе во тефтерите на Вардар.

Очекуваме утре Максимов да го има својот деби натпревар во “црвено – црниот” дрес.