Димитар Мечкаровски од Скопје е делегиран за главен судија на утрешното фудбалско дерби, помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Натпреварот ќе се одигра на арената “Филип Втори“ со почеток од 14:30 часот.
Вардар со евентуален триумф ќе се доближи на бодовната предност на најголемиот конкурент и во позитивна атмосфера ќе го дочека натпреварот од лигата на Европа, против екипата на Реал Сосиедад, дуел кој е закажан за во четврток.