Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Дуелот со Барселона е меч од висок ризик ова се препораките за гледачите
РК Вардар:  Дуелот со Барселона е меч од висок ризик ова се  препораките за гледачите

РК Вардар: Дуелот со Барселона е меч од висок ризик ова се препораките за гледачите

Утре ракометниот шампион на Европа, РК Вардар ја пречекува шпанска Барселона во меч од 5.коло во ЕХФ Лигата на шампионте. По тој повод од клубот излегоа со соопштение до гледачите на овој дуел, во истото се вели следното:

Натпреварот од 5. коло во групната фаза од лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански” во сабота.

Средбата меѓу Вардар и Барселона е закажана за в сабота од 17,30 часот.

РК Вардар во соработка со полицијата реши за саботниот натпревар да го затвори паркингот до салата за користење.
Поради тоа им се препорачува на сите гледачи навреме да дојдат во салата, а доколку патуваат со автомобил да бидат свесни дека е можно да има застој во сообраќајот поради очекуваниот голем број на гледачи во салата.

Истовремено ги потсетуваме сите гледачи дека во салата е забрането внесување на тврди предмети, и контролата на влезовите ќе биде вообичаена за ваков тип на натпревари.