Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шиле: Ја повикувам публиката да ни даде поддршка за триумф над Шкендија
Шиле: Ја повикувам публиката да ни даде  поддршка за триумф над Шкендија

Шиле: Ја повикувам публиката да ни даде поддршка за триумф над Шкендија

ФК Вардар во текот на денешниот ден   ќе го одработи последниот тренинг пред утрешното дерби против ФК Шкендија на домашен терен. Дербито во ова 10.коло се игра со почеток во 14-30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Вардар токму од Шкендија  го претрпе единствениот пораз во оваа сезона. Во изјава за официјалниот сајт на клубот  Дејан Блажевски,  напаѓач вели дека  очекува добра игра и на крајот освојување на трите бода.

Нашата цел на овој натпревар е освојување на трите бода, иако играме против една добра екипа. Меѓутоа верувам дека ако пружиме добра игра, ако играме онака како што ќе се договориме, дека можеме да ја оствариме нашата цел. Ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број да ни даде поддршка за да стигнеме до победата на ова дерби. Ова за нас беше тежок прв дел од сезоната. Игравме и во Европа, и од тука имавме тешки натпревари. Освен оној пораз со Шкендија и нерешениот резултат со Скопје, на другите мечеви остваривме победи и мораме да бидеме задоволни. Но, верувам дека овој втор дел до крајот на есенскиот дел ќе биде уште подобар и дека ќе успееме да стигнеме до првото место, онаму каде што ни е местото.