Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Информации за навивачите, за натпреварот Вардар – Шкендија

Информации за навивачите, за натпреварот Вардар – Шкендија

Утре на арената “Филип Втори“ се игра фудбалското дерби помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Во пресрет на овој меч од клубот преку својата официјална страна излегоа со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Натпреварот е прогласен за меч од визок ризик. Согласно договорот на двата клуба и МВР, присуство на гостински навивачи нема да биде дозволено. Исто така ќе се забрани влез на симпатизери на гостинската екипа на стадионот.

Купувањето на влезница ќе биде овозможено единствено со покажување на документ за лична идентификација. На еден документ, може да се купи една влезница. Билетарницата ќе се затвори во 14 часот, односно 30 минути пред почетокот на натпреварот. Поради тоа Ве молиме да дојдете порано на натпреварот, да набавите билет, и да го завземете своето место на една од трибините.

За утрешното дерби ќе бидат отворени само јужната и западната трибина. Новинарските екипи ќе бидат сместени на северната трибина.

Фудбалскиот клуб Вардар ги повикува симпатизерите и навивачите, да дојдат во што поголем број и да му дадат поддршка на нашиот тим да стигне до победа. Воедно, апелираме на фер и коректно навивање од трибините без извици на национализам и расизам. Само така можеме да стигнеме до посакуваната цел и трите бода од овој дерби меч.