Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пионерите на РК Вардар Јуниор неможеа со повозрасниот ривал ГРК Гостивар и впишаа пораз
Пионерите на РК Вардар Јуниор неможеа со повозрасниот ривал ГРК Гостивар и впишаа пораз

Пионерите на РК Вардар Јуниор неможеа со повозрасниот ривал ГРК Гостивар и впишаа пораз

Денес натпревар од 4.коло  одиграа  пионерите на Вардар Јуниор предводени од Зоран Петковски. Тие со почеток од 17:30 часот на Кале беа  домаќини на екипата на ГРК Гостивар. Нашите момци во овој дуел со екипа која имаше повозрасни поединци беше поразена со 11-16 (3-9).

Први со гол мечот го отворија момците од Гостивар, тие по 3.минути игра потоа поведоа со 0-2. Следеше период во кои ние ја имавме играта, успеавме да намалиме на 2-3.  Потоа следеше серија 0-4 на повозрасната екипа која успеа да се одлепи на “пет плус“ односно 2-7 пред самиот финиш. Намаливме на 3-7, со нашиот последен гол во првиот дел, до крајот Гостивар одигра сигурно и на одмор во Кале отиде со 3-9.

Вториот дел со гол го почнаа вардарци кои намалија на 4-9 на самиот старт од дуелот во вториот период. Со овој гол намаливме на пет негатива во однос на Гостивар. До крајот се играше буквално гол за гол двата тима постојано беа околу фамозните “пет плус“ за нашиот ривал. Во овој пионерски дуел бевме поразени со резултат 11-16. По четири одиграни кола оваа млада генерација на црвено-црните во пионерската лига има половичен успех, две победи и два пораза.

Кај нас Петрушевски Андреј беше прв стрелец со три гола, по два погодока имаа Петковски Христијан и Славевски Давид.