Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби во 8.коло на Супер Лигата, Вардар против Академија Пандев
Дерби во 8.коло на Супер Лигата, Вардар против Академија Пандев

Дерби во 8.коло на Супер Лигата, Вардар против Академија Пандев

Во рамките на 8.коло во Супер Лигата, Вардар ќе игра со екипата на Академија Пандев.

Натпреварите на пионерските екипи се закажани за сабота (12.11) на општинското фудбалско игралиште во Струмица, со почеток од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела (13.11) на теренот на Локомотива, со кадетите и младинците сме домаќини на истиов противник. Натпреварите се закажани да започнат од 10:00 и 12:00 часот.

Натпреварите на Вардар и Академија Пандев, секогаш биле дерби и неизвесни, се надеваме на добра игра од нашите екипи и секако позитивни резултати.