ЖРК Вардар, денес го одигра првиот дуел на турнирот во Романија, за ривал го имаше тимот на ЦСМ Јаши. Девојките на Царчев се надминаа себе, одиграа одлично и остварија победа со 32-30 на оваа средба.
Противникот отвори подобро имаше водство со три гола кое го бранеше се до 9-6. Нашиот тим успеа да ја анулира ивнатаа разлика на неколку минути до крајот кога изедначи на 13-13. Со два врзани погодоци романките успеа да поведат со 13-15 и заминавме на пауза.
Вардарки успеаа по 7.минути во вториот дел да дојдат до егал,изедначувајќи на 20-20. Нашите девојки одигаа одличен втор дел, па направија целосен пресврт, поведовме со 27-24, во вториот дел бевме далеку подобар противник. Успевме да ја задржиме предноста и победивме со 32-30.
Кај нас одлична беше Трпевска со 9 гола, 8 погодоци имаше Тошевска, Миновска впиша 7 затресување на мрежата. Ивана Џатевска која без одмор од ЕП за сениорки се приклучи на тимот постигна три гола. На голот Илиќ забележа 7.одбрани.