СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ кој не смее да се пропушти!
По повод роденденот на ФК Вардар и најголемата и најверната навивачка група во Македонија, Комити – во Скопје ќе гостува тимот на Железничар од Сараево на Градсиот стадион во Скопје. По овој повод, се спрема невиден спектакл во режија на Комитите, затоа купете билети кои се по симболична цена од 100 денари и придонесете за уште поголем спектакл кој ќе се прераскажува со години.
Веќе во Скопје на големо започнува да се промовира овој настан, па така осамнаа неколку билборди во главниот град како реклама за уште поголема мобилизација на вардаровите навивачи.
Инаку, дуелот ќе се игра на Градскиот стадион во Скопје на 23 овој месец со почеток од 19 и 30 часот.