Дерби дуелот во сабота на кој се среќаваат тимовите на Шкендија и Вардар ќе го суди Мечкаровски Димитар од Скопје, а ќе му помагаат Неделкоски Дејан и Петрески Гоце исто така од Скопје. Четврти судија ќе биде Младеновски Дејан.
Малку чудно, на овој натпревар нема да има судии зад головите на двата тима. Се надеваме на фер и коректно судење во сабота, нешто што Вардар го немал неколку натпревари во Тетово.
Дуелот во сабота, се игра со почеток од 15.00 часот.