Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јакимовски ќе ја дели правдата на соседското дерби

Јакимовски ќе ја дели правдата на соседското дерби

Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на соседското дерби на Градскиот стадион во Скопје помеѓу Вардар и Работнички, закажано за в сабота од 17 часот, што ќе биде прв домашен меч за црвено-црните во својот дом по 13 месечна пауза.

Јакимовски е делегиран за мечот заедно со Никола Караколев и Даниел Василевски, а сооглед дека е дерби на колото, Марјан Младеновски и Крумислав Ѓорѓиев ќе бидат дополнителни арбитри зад головите. Четврти судија ќе биде Кристијан Џонов од Штип.

Дојдете в сабота на Градски да навиваме за нашиот тим.