Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > „Комити“: Ние ќе бидеме на трибина во сабота, бидете и вие на теренот но во вистинска смисла, не само формално!
„Комити“: Ние ќе бидеме на трибина во сабота, бидете и вие на теренот но во вистинска смисла, не само формално!

„Комити“: Ние ќе бидеме на трибина во сабота, бидете и вие на теренот но во вистинска смисла, не само формално!

„Комити“ бараат од играчите да покажат храброст и пожртвуваност за секоја топка, резултатите не ни влијаат на присутноста но бараме да играте со срце за клубот, велат најверните.

Соопштението на навивачката група „Комити“ ви го пренесуваме во целост:

„Во првите две кола видовме тим и играчи кои го носат дресот на Вардар, но ангажман, борбеност и посветеност како да сме аматерски клуб на ревијални натпревари. Знаеме дека не сме засилени, но костурот на тимот е задржан, знаеме дека сме кадарни за високи дострели а сепак имаме тешки нозе и бариери во главата, недоверба во сопствените можности, неверување дека можеме затоа што се е во главата… Имавме денови кога игравме и со младински состави, примавме по 9 голови, но на теренот видовме полетарци кои знаат што значи името Вардар, и која тежина е носењето на тој црвено-црн дрес, не сме им замериле, ги славевме и нашата песна не престана да грми 90. минути. Знаеме да цениме пожртвуваност, знаеме да препознаеме жар и желба да се надминеме самите себеси со екстра напор, трпеливи сме, но знаеме да казниме индолентност и непочитување, неодговорност и малодушност. Сè што бараме е храброст и пожртвуваност за секоја топка, и тогаш резултатите се во втор план, и тогаш нема да замериме пораз дома од Македонија Ѓ.П и килави 0-0 со Борец во Велес.

Нам резултатите не ни влијаат на присуството, но ни влијаат на расположението на трибина, затоа подарете ни го чувството дека знаете каде играте и што бараме од секој натпревар дури и кога тоа не е победа туку желба за истата и труд за остварување. Ние веруваме во вас, верувајте и вие во самите себеси!

Ние ќе бидеме на трибина во сабота, бидете и вие на теренот но во вистинска смисла, не само формално!
Конечно Градски, конечно враќање во нашиот дом, а домот е неприкосновен и се брани со сите сили и мотиви“, велат „Комити“.