Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Slider > КАЛАРАШ Е СТАРО НОВ ИГРАЧ НА РК ВАРДАР!
КАЛАРАШ Е СТАРО НОВ ИГРАЧ НА РК ВАРДАР!

КАЛАРАШ Е СТАРО НОВ ИГРАЧ НА РК ВАРДАР!

Еден од најдобрите играчи на завршниот турнир во Келн, Глеб Калараш, и дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во дресот на европскиот шампион Вардар, за голема радост на многу навивачи на црвено – црниот тим.

Глеб Калараш се очекува за неколку часа да пристигне во Скопје, а утре ќе потпише нов договор во важност од една година со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона, доколку бидат задоволни и двете страни по сезоната која започнува за кратко, секако.

Со потпишувањето на Калараш, Вардар добива огромно засилување во одбраната. Глеб со Криштопанс, во новата сезона одново ќе бидат голем бедем пред вардаровите голмани.

Добредојде дома Глеб!