Се одигра и 4.коло во ВМФЛ, во кое до нови победи стигнаа екипите кои се борат за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар на домашен терен се врати на победите и оствари висок триумф на натпреварот со екипата на Борец (6:0). Дарио Десниќ беше играчот кој постигна два гола со што се искачи на врвот на листата на стрелци кај ,,црвено – црните” со сега веќе три постигнати погодоци на четири натпревари. По него следува Симеон Христов со два постигнати погодоци на четири одиграни натпревари.
Да додадеме дека одлично деби во дресот на Вардар имаа Жоглев и Маркоски кои постигнаа погодоци изминатиов викенд.