Во среда (14.09), ФК Вардар го игра натпреварот од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Црвено-црните ќе гостуваат во Каменица, кај екипата на Саса.
Натпреварот во среда ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток од 15:00 часот. Марјан Дејаноски од Кичево е одреден за главен судија, додека негови помошници ќе бидат Куштрим Лика (Кичево) и Зоран Јанкуловски (Кичево).
Победникот од овој натпревар ќе се пласира во 1/8 финалето на ова натпреварување.