Изминатиов викенд стартуваше новата натпреварувачка сезона во женската Супер Лига, во која се натпреваруваат вкупно 16 екипи поделени во две групи.
Вардарки одлично ја стартуваа сезоната со победа на гостувањето кај екипата на Куманово. Избраничките на Александар Царчев покажаа карактер и славеа голема победа кај Куманово. Во рамките на првото коло од групата А, до победи стигнаа и екипите на Чаир и Шампион, додека Скопје го изненади Пелистер и му откина бодови.
Резултати од 1.коло во групата А:
Спартак – Чаир 17:39
Куманово – Вардар 21:23
Скопје – Пелистер 22:22
Шампион – Гевгелија 28:26
Во следното 2.коло, Вардар повторно игра на гостински терен, каде гостува на екипата на Пелистер.
Во рамките на групата Б се одиграа три натпревари, на кои беа постигнати следниве резултати:
Стружанка – Кузман 48:18
Ѓорче Петров – Деспина 43:15
Металург – Овче Поле 41:21