Се одигра и 4.коло во ВМФЛ, во кое до нови победи стигнаа екипите кои се борат за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар на домашен терен се врати на победите и оствари висок триумф на натпреварот со екипата на Борец (6:0). Дарио Десниќ беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запишаа и новите засилувања, Владимир Жоглев и Кире Маркоски, додека противничката мрежа ја тресеа уште и Симеон Христов и Никола Величковски.
Дербито во Битола им припадна на Гостивар кои славеа со резултат 1:3 на гостувањето кај екипата на Пелистер, додека Воска Спорт стигна и до четвртата последователна победа, откако на домашен терен славеше минимално 2:1 против екипата на Беса. Во Гевгелија, Кожув го изненади Детонит, славејќи победа со резултат 2:0.
Комплетни резултати од 4.коло:
Пелистер – Гостивар 1:3
Воска Спорт – Беса 2:1
Слога 1934 – Каменица Саса 1:1
Беласица – Пехчево 1:1
Тетекс – Караорман 2:1
Вардар – Борец 6:0
Кожув – Детонит 2:0
Аресими – Охрид 1:0
Во следното коло, Вардар гостува кај екипата на Караорман, додека дербито ќе биде меѓу екипите на Гостивар и Воска Спорт.