Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дарко Димитров: Нашата цел на крајот е да ја освоиме детската лига
Дарко Димитров: Нашата цел на крајот е да ја освоиме детската лига

Дарко Димитров: Нашата цел на крајот е да ја освоиме детската лига

Фк Вардар генерација “2002“ од првото место на табелата ќе го стартува пролетниот дел од сезоната. Оваа екипа предводена од тренерот Павел Неделковски го заврши есенскиот дел од детската лига на првото место, со максимален број на освоени бодови. Исто така се меѓу најуспешните голгетерски екипи во ова натпреварување, со вкупно 54 постигнати голови. Еден од играчите кој има најголема заслуга за ефикасниот напад на оваа црвено-црна генерација е Дарко Димитров.

Дарко Димитров е роден на 12.11.2002 година. Започнува да тренира фудбал во Фк Форца, каде се задржува четири години. Еден ден решава својата кариера да ја продолжи во најдобриот Македонски фудбалски клуб. Во редовите на црвено-црните е веќе третта година, како член на генерацијата, родени “2002“ година.

-Нашиот успех во есенскиот дел се должи пред се на сложната и колективна игра на целиот тим под водство на тренерот Павел Неделковски. Сосема сум задоволен од прикажаната игра на моите соиграчи и остварените резултати од натпреварите во есенскиот дел. Мечевите во изминатата полусезона беа со различен интезитет, но среќен сум што во сите дуели, а првенствено во најважните и најтешките излеговме како победници. Во пролетниот дел моите очекувања се да ги повториме успесите и резултатите. Нашата цел на крајот е да ја освоиме детската лига. Сето тоа верувам дека ќе го оствариме со уште подобра игра и поголема посветеност, како од моја страна така и од целата екипа, изјави Дарко Димитров за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски