Денеска беше завршен финален ден за генерацијата 2004/05 на турнирот „Вардар- еден живот, една љубов“. Во Јане Сандански се одигра женскиот дел од турнир, а во Кале машкиот дел од овој турнир. По крајот на истиот имаше церемонија со доделување на признанија за најуспешните на истиот. На големо изненадување на дечињата на истото присуствуваа и ги поделија наградите за машките нивните идоли од РК Вардар Блаженко Лацковиќ, Раул Гонзалез и неговиот помошник Девид Девис Камара. На девојките наградите им ги поделија Индира Кастратовиќ и Гордана Нацева, а целата церомонија ја водеше Тања Медвед.