Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански денес се одигра завршниот турнир во женска конкуренција за девојчиња родени 2004/05 година. Победник е екипата на Рк Кастратовиќ 1, која во големото финале беше подобра од тимот на Академија 1. Конечниот резултат гласеше 6:4. Рамноправен дуел во текот на целиот меч, меѓутоа во финишот подобро се снајде екипата на Рк Кастратовиќ 1. По првото полувреме резултатот на семафорот изнесуваше 4:3. Третото место им припадна на Рк Академија 2, која ја победи екипата на Рк Кастратовиќ 2, со резултат 2:5.
На крајот беа доделени поединечните награди за најдобар голман, играч и стрелец. Ева Димитриевска е прогласена за најдобар стрелец. Признанието за најдобар голман и припадна на Јована Самандова од екипата на Рк Кастратовиќ. Сара Стефановска е најдобар играч на завршниот турнир.
Во идеалната седморка на турнирот се најдоа: Вероника Ѓоргиевска (голман), Клементина Ѓурческа (лево крило), Мила Крагељ (лев бек), Марта Стојановска (среден бек), Ива Младеновска (десен бек), Никита Антевска (десно крило) и Сара Јошеска (пикер).