Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Димков е херојот за младинците на Фк Вардар, кои се пласираа во 1/4 на купот
Димков е херојот за младинците на Фк Вардар, кои се пласираа во 1/4 на купот

Димков е херојот за младинците на Фк Вардар, кои се пласираа во 1/4 на купот

Младинците на Фк Вардар обезбедија пласман во следната рунда на купот на Македонија, откако беа подобри од младинците на Љубанци. Натпреварот се играше на теренот во Н.Лисиче и заврши со минимални 1:0 за нашиот тим. Единствениот погодок на овој дуел го постигна Виктор Димков и ја внесе својата екипа во 1/4 на националниот куп.

Иако не одиграа онака како што посакуваше тренерот Марковски, сепак големината на еден тим е да се победи и кога не оди добро. Тоа на вистински начин го демонстрираа црвено-црните, па со еден погодок во мрежата на противникот излегоа како победници. Се играше некаде средина од првото полувреме кога од левата страна повлече Андреј Ричков, додаде до Дарко Додевски а овој со една дијагонала го проигра Димков. Својата умешност уште еднаш ја покажа на дело, го претрча дефанзивецот на противникот изби сам пред голот и стрелаше во мрежата на Љубанци. До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет, иако Вардарци имаа уште неколку прилики да постигнат втор погодок. Ова посебно се однесува во вториот дел, сепак резултатот и натаму остана 1:0. Противникот неколку пати се закани кон нашиот гол, но се тоа помина без успешно и без опасности кон голот на Филип Трајчевски.

На овој дуел нашите младинци настапија во следниот состав: Трајчевски, Исмаил, Цукалевски, Јошевски, Ричков, Личина, Димитровски, Додевски, Беќири, Димков и Даци.

Нема многу одмор за младинците на Вардар, кои веќе викендов играа натревар во рамките на шестото првенствено коло, против екипата на Шкупи на домашен терен.