Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Деан Бомбач пристигнува во Скопје, Штербик на ”готовс”
Деан Бомбач пристигнува во Скопје, Штербик на ”готовс”

Деан Бомбач пристигнува во Скопје, Штербик на ”готовс”

Во недела на гости ни доаѓа екипата на Пик Сегед. Унгарскиот тим минатиот викенд му го нанесе првиот пораз на Киелце во Лигата на Шампионите. На тој натпревар унгарците влегоа како апсолути аутцајдери но го надираа противникот, и победија на тој натпревар. Сега доаѓаат во Скопје, мотивирани… Во своите редови го имаат Деан Бомбач, кој е во извонредна форма. На последниот натпревар против полскиот шампион успеа да постигне дури 11 голови, и да го понесе унграскиот тим до прво славје во ЛШ.

Несомнено најголема закана во недела ќе доаѓа од него. Но ние зад себе го имаме најдобриот голман во ЛШ, шпанскиот интернационалец Арпад Штербик. Ова навистина ќе биде спектакуларен дуел на најдобриот ”снајперист” во Пик Сегед, а од друга страна ”октоподот” во дресот на РК Вардар Штербик.
Останува ние љубителите на ракометот да уживаме во оваа престава. Се надеваме секако со триумф на нашите црвеноцрни момци!