По подолга пауза на зелените терени се очекува в недела да се вратат Бобан Грнчаров и Влатко Грозданоски. И двајцата фудбалери имаа повреди, и некое време беа надвор од терените. Грнчаров веќе одигра 30-тина минути на пресметката од Супер купот, и го најави своето враќање на терените, додека пак Грозданоски сеуште нема запишано настап оваа сезона во ПМФЛ.
Се надеваме дека и двајцата фудбалери ќе се најдат на списокот на Седлоски за првенствениот натпревар повторно против Работнички в недела, овој пат во првенството.
Фото: fkvardar.mk