Женскиот ракометен колектив на големо се спрема за најважниот предизвик мечевите во групната фаза од Лигата на европските шампионки. За жал отсуството на квалитетно домашно и регионално натпреварување во кое ќе се темпира формата мора да се решава со алтернативни решенија.
Црвено – црните девојки за да ја одржуваат формата патуваа во Франција на мини турнеја , потоа во Охрид , а играа и со машките млади тимови на РК Вардар. Нашите девојки следно ќе ги пречекаат во Скопје репрезенативките на Данска со кој ќе одиграат спаринг мечеви. За подсетување нашиот помошник тренер Питлик беше долги години на клупата на Данска.
Со гостите од Данска кој од денес се во Скопје ќе играме два дуела и тоа утре на 25 септември дуелот е закажан во 19-00 часот во голема сала на Спортскиот Центар Јане Сандански и на 26 септември задутре , овој меч ќе се одигра во мала сала.