Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен на дебито во Супер лигата од Металург
Вардар Јуниор поразен на дебито во Супер лигата од Металург

Вардар Јуниор поразен на дебито во Супер лигата од Металург

Избраниците на Пепи Манасков вчера го имаа своето деби во најсилната домашна ракометна конкуренција против тимот на РК Металург во салата Кале.

Младите момци не успееа да извлечат позитивен резултат во соочувањето со поранешниот шампион на Македонија. Нашиот втор тим беше поразен со резултат 20-34, а на полувреме на семафорот беше 10-18. Младите момци имаа водство на почетокот од гол предност и тоа 1-0 и 2-1 , се играше рамноправно се до резултат 5-5, од тука поискусниот противник успеа да се одлепи со серија 4-0 на 9-5. До крајот на полувремето само се зголемуваше водството и на пауза се замина со 10-18. Вториот дел беше само прашање на рутина за гостите од Автокоманда кои до крајот својата предност од 8 ја зголемија на 14 гола.

Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Спасовски, Василевски 2, Недановски 3, Тренчевски 2, Чурлевски 4, Ангелов, Јовчевски 3, Андовски 4, Симиќ, Ристов, Манасков, Поповски 1, Вујачиќ, Давитковски 1.

Следен меч за Вардар јуниор е гостувањето во Радовиш кај истоимениот клуб на 29 септември (вторник), овој дуел е закажан со почеток во 18-30 часот.