Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Директни преноси од мечевите на ФК и РК Вардар
Директни преноси од мечевите на ФК и РК Вардар

Директни преноси од мечевите на ФК и РК Вардар

Денес, ракометниот и фудбалскиот клуб на Вардар ќе одиграат натпревари, кои ќе бидат пренесувани на МТВ.

Во рамките на 4.коло во ПМФЛ, во градското дерби се среќаваат екипите на Вардар и Работнички. Пред овој дуел е предвидено доделување на шампионската титула за црвено-црните. Мечот кој стартува во терминот од 16:30 часот ќе можете да го проследите на МТВ и Арена Спорт 1.

Вечерва од 20:15 часот во С.Ц. Јане Сандански на програмата е реванш дуелот од 1/4 финалето на СЕХА, меѓу екипите на Вардар и Нексе. Вардарци со предност од еден гол ќе го стартуваат реваншот, на кој не би требало да имаат проблеми околу пласманот на Ф4 турнирот во Задар. Пренос и од овој натпревар можете да погледнете на МТВ.