Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Марко Ѓорѓиевски: Нашиот сон до крајот е да ја освоиме и титулата во лигата, по што би ги обединиле двата трофеи
Марко Ѓорѓиевски: Нашиот сон до крајот е да ја освоиме и титулата во лигата, по што би ги обединиле двата трофеи

Марко Ѓорѓиевски: Нашиот сон до крајот е да ја освоиме и титулата во лигата, по што би ги обединиле двата трофеи

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се освојувачи на купот на Македонија. Нашите млади надежи во финалето беа подобри од екипата на Милано, со резултат 3:1. Први поведовме со голот на Ѓорѓиевски, по што противникот успеа да израмни пред крајот на првиот дел. Во второто полувреме, квалитетот на Вардар дојде до израз и со два гола го решивме победникот во финалето. Оваа генерација го одбрани трофејот од купот, освоен минатата сезона, тогаш како помлади пионери беа поуспешни од екипата на Шкендија. Нема многу одмор за нашите пионери кои веќе утре ги очекува натпревар од првенството против екипата на Металург. Стрелецот на двата гола во финалето, Марко Ѓорѓиевски за нашиот сајт ги сподели впечатоците од одиграниот натпревар и освоениот трофеј.

-Почнавме сигурни во себе дека можеме да го добиеме големото финале. Пред да го постигнеме првиот гол имавме неколку шанси кои не ги реализиравме. Можеби противникот не казни за тие неискористени прилики и при крајот на првиот дел го израмни резултатот. На полувреме нашиот тренер ни ја крена мотивацијата на поголемо ниво, дадовме уште два погодоци со кои беше се беше полесно до крајот на натпреварот. Заслужено победивме, бидејќи бевме подобри во текот на целиот меч. Втора година по ред со Вардар го освојувам купот и среќен сум за тоа. Радосен сум што постигнав два гола, но најбитна е победата на екипата. Нашиот сон до крајот е да ја освоиме и титулата во лигата, по што би ги обединиле двата трофеи, изјави Марко Ѓорѓиевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски