Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати сите осум учесници на двата Ф4 турнири за генер.2004/05 и 2002/03 кај девојките во ракометната “Јуниор лига“
Познати сите осум учесници на двата Ф4 турнири за генер.2004/05 и 2002/03 кај девојките во ракометната  “Јуниор лига“

Познати сите осум учесници на двата Ф4 турнири за генер.2004/05 и 2002/03 кај девојките во ракометната “Јуниор лига“

Познати се сите осум учесници на двата завршни Ф-4 турнири за младите девојки родени во генерација 2004/2005 и за девојките родени  2002/2003 година во ракометната  Вардар “Јуниор лига“. Во двете генерации се одиграни т.н регуларен дел и веќе се дефинирани двојките за завршниот турнир.

Според планот за настапи  полуфиналните дуели се закажани за 21 или пак 22 мај, апак финалето кое ќе го даде победникот во овие категории ќе се игра  на 11 или 12 јуни. Кај најмалите учесници од  генерацијата 2006-2009 нема да има завршни Ф4 турнири, туку местата на табелата се определени според постигнатите резултати во меѓусебните мечеви. Двојките за завршниот Ф-4 турнир во генерациите 2004/2005 и  девојките родени  2002/2003 изгледаат вака :

Генерација 2004/05 полуфинални двојки на Ф4 турнирот :

  • Академија 1 – Академија 2
  • Ново Лисичен Вардар – Општина К.Вода Вардар

Генерација 2002/03 полуфинални двојки на Ф4 турнирот :

  • Академија 1 – Академија 2
  • Ново Лисичен Вардар – Општина К.Вода Вардар