Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор повторно поуспешен од Металург-2, победа со висок резултат 40-20
Вардар Јуниор повторно поуспешен од Металург-2, победа со висок резултат 40-20

Вардар Јуниор повторно поуспешен од Металург-2, победа со висок резултат 40-20

Вчера во  шестиот натпревар од плеј аутот во Супер лигата односно првиот меч од втората половина од дуелите  младите црвено-црни  ракометарите на РК Вардар јуниор се сретнаа со младиот тим од Автокоманда РК Металург-2. Избраниците на Пепи Манасков ја забележаа  четвртата победа во плејаутот втора против младиот тим од  Автокоманда. Победата беше голема со дваесет гола преност, триумфиравме со  40-20.

Отворивме со пеколна серија 9-0 со што покажавме како и во кој правец ќе се движи овој дуел. Металургзите конечно погодија првпат во нашата мрежа за 9-1, тие успеаа и да постигнат и втор гол, но ние постигнавме три и им поведовме првпат со двоцифрена предност од 12-2. По ова водство до крајот од полувремето младиот “сино-бел“ состав конечно нешто од нешто состави во својата игра и успеаа да колку толку парира на нашиот втор тим. На одмор се замина со поголема предност за нас од дванаесет гола 21-9, сепак гостите успеаа да постигнат неколку гола што беше успех за нив гледајќи ги почетните минути кога едноставно не можеа да помислат натакво нешто. Вториот дел беше само рутина постојано бевме во предност која раснеше од минута во минута , првпат максималната и крајната предност од овој меч од дваесет гола ја имавме при резулат 35-15 негде на почетокот од последната  третина во вториот дел. Младите металургзи по оваа предност малку се вратија во мечот, сепак истиот заврши повторно со иста разлика и победа од 40-20. Најдобар стрелец кај нас беше Костовски со 9 гола, Ангелов 7 пати успешно стрелаше, а пак Симиќ погоди 5 пати во мреќата на сини-белите. Вардар јуниор: Чаневски, Костовски 9, Спасовски, Георгиевски 2, Тренчевски 2, Чурлевски, Ангелов 7, Јовчевски 1, Андоновски 2, Филиповски, Симиќ 5, Ристов 4, Манасков, Поповски 5, Вујачиќ 2, Давитковски 1.