Вечерва со почеток од 19 часот во спортскиот ракометен центар Кале ќе се одигра натпревар од плејофот во женска младинска лига, помеѓу екипите на Вардар и Чаир. Ова ќе биде втор меч за нашите младинки во оваа фаза на разигрување, откако во првото коло на истиов терен бевме подобри од екипата на Ѓорче. Со екипата од Чаир имавме можност да играме два натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната, на кои забележавме две победи. Вардарки се фаворити и се освен победа ќе претставува неуспех за избраничките на Билјана Пецевска.
Во плејофот настапуваат шест екипи, кои ќе играат секој со секого на домашен и гостински терен. Кој на крајот ќе освои највеќе бодови ќе биде шампион на Македонија. Инаку пред започнување на плејофот се пренесоа освоените бодови на екипите кои продолжија понатаму. Така Металург и Вардар ги делат првите две позиции на табелата, со вкупно 18 освоени бодови. Се позивесно е дека нивните меѓусебни дуели ќе го дадат новиот шампион.