Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за Преспа и РК Кале, во Јуниор лигата, за генерации родени 2002/03 година
Победи за Преспа и РК Кале, во Јуниор лигата, за генерации родени 2002/03 година

Победи за Преспа и РК Кале, во Јуниор лигата, за генерации родени 2002/03 година

Изминатиов викенд во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одиграа натпревари во “Јуниор лига, на кој настапија и екипи генерација 2002/03 година. Победи во оваа возрасна генерација забележаа екипите на Преспа и Кале.

Тимот на Преспа забележа триумф во дуелот со екипата на Урдаревски. Конечниот резултат на овој меч гласеше 15:11. Во најголем дел од мечот Преспа имаше водство и на крајот сосема заслужено забележа триумф. Започнаа со предност од 3:1 и 4:2, по што следуваше серија на Урдаревски од три последователни гола, за прва предност од 4:5, што беше и единствена за нив на овој натпревар. Сепак, тимот на Преспа за брзо време успева да го врти водството и враќа на ист начин за ново водство од 7:5, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел започна повторно со нивни погодок за највисоки 8:5. Стекната предност ја одржуваа и до крајот на дуелот, имаа водство од 10:6 и 13:9, додека во последната минута имаа и највисоки пет голови разлика 15:10. До крајот на мечот, Урдаревски постигна погодок за конечни 15:11.

Натпревар во истава генерација одиграа и екипите на РК Кале и Бутел, кој им припадна на екипата на Кале. Овој дуел започна доста израмнето со гол за гол на двете страни, по што екипата на Кале успева прва да повде со два гола разлика 5:3 и 6:4. Во следните пет минути, тимот на Бутел успева да го израмни резултатот на 7:7. Од тој момент, Кале успева да направи серија од шест последователни гола и да се одалечи на високи 13:7. До крајот на првиот дел по два погодоци на двете страни, за резултат 15:9 по првото полувреме.

Во вториот дел продолжи серијата за екипата на Кале, која поведе со 16:9. За момент тимот на Бутел ја прекина серијата со погодок, по што следеше нова серија на Кале за највисоки 19:10. Оваа разлика беше актуелна и до крајот на мечот, по што Кале рутинско го приведе крајот на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 26:18.