ФК Вардар денеска и официјално го претстави и своето второ ново засилување. Драган Ќеран има 28 години, висок е 1.90 и е напаѓач. Ќеран пред да потпише за ФК Вардар настапувал за Хајер. Минатата сезона Ќеран имал импресивни бројќи зад себе во шампионатот на Азербејџан за тимот на Симург, каде бил прв стрелец со 15 погодоци. Овој податок влева надеж дека се работи за успешен голгетер. Инаку, како што информираат од ФК Вардар, Ќеран во следните 1,5 години ќе биде ”црвено – црн” играч.
Добредојде во ФК Вардар Драган Ќеран.
Фото: fkvardar.mk