Нашите ракометари денеска повторно ја совладаа селекцијата на Црна Гора. По вчерашните +7, денеска нашите момци ги совладаа црногорците со 29:26. Овој натпревар се одигра исто така на Кале и беше од затворен карактер. Во текот на целиот натпреавр речиси имавме постојано водство, додека на полувреме резултатот беше 13:11 во наша корист. Во нашата селекција денеска не играше капитенот Кирил Лазаров, но одличен настап забележаа нашите Вардарци Манасков, Стоилов и Ф. Лазаров. Македонија на овие контролни натпревари забележа две победи, и два нерешени резултати.
Манасков постигна 9 погодоци денеска, Стоилов придодаде 5, додека пак Филип Лазаров ја заокружи оваа убава гол серија на нашите играчи со 2 постигнати погодоци. Веќе во среда заминуваме за Полска, додека во петок не очекува првиот дуел на овој мундијал против репрезентацијата на Франција. Им посакуваме среќен пат на нашите момци, и да ни се вратат со кренати глави.