Се комплетираше првото коло во ново создадената група 2 од лигата на шампиони во женска конкуренција. Првите натпревари во групата каде настапуваат и Вардарки, донесоа многу возбудувања и незивесни завршници.
Ѓер и Будуќност беа екипите кои први отворија во оваа грипна фаза и тоа на теренот на Унгарките. Европскиот првак, екипата на Будуќност го доживеа својот прв пораз, после 22 одиграни натпревари без неуспех. Ѓер беше тимот кој покажа повеќе на овој дуел и на крајот сосема заслужено го освои првите бодови во новата групна фаза. Црнагорките имаа водство од 0:2, додека на првиот погодок домаќинот чекаше до шестатата минута. Во 16 минута Ѓер имаше предност од два голови разлика (6:4), но најдобриот играч за 2015 година Неагу донесе израмнување (6:6). На девет минути пред крајот на првиот дел, домаќинот успеаа да се одлепи на 9:6 и оваа предност да ја зачува до крајот на полувремето, каде се замина со резултат 13:11. Во текот на целото второ полувреме Ѓер го контролираше резултатот и постојана имаше водство, кое се движеше од 3-5 голови, Во 48 минута резултатот на семафарот гласеше 19:14, благодарение на головите на Аморим и Суланд. Така на крајот Унгарскиот вицепрвак сосема заслужено победи со рфезултат 22:20 и се израмни на табелата со освоени бодови со тимот од Подгорица.
Вардарки исто така со триумф ја отворија новата групна фаза, со победа против Романски ЦСМ Букурешт од 22:21. Имавме можност да гледаме еден пред се тврд и тежок натпревар за двете екипи, сепак во финишот подобро се снајдоа црвено-црните. Лејно и Сусина го предводеа Вардар до прва победа во новата година, додека Лекиќ беше најефикасна со 5 голови. Во последниот натпревар од оваа група, Митјиланд ја оправда фаворитската улога во дуелот со Савехоф, победувајќи со 25:21. Најефикасна кај Данките беше Алм со 7 и Јоргенсен со 5 погодоци. Сосема е извесно дека до крајот ќе гледаме се повозбудливи натпревари во оваа рунда, додека на табелата станува се погусто.
1. Будуќност 7
2. Ѓер 7
3. Вардар 6
4. ЦСМ Букурешт 5
5. Митјиланд 5
6. Савехов о