Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Петар Петковски:Добро завршена полусезона со победа.
Петар Петковски:Добро завршена полусезона со победа.

Петар Петковски:Добро завршена полусезона со победа.

Младинците на Вардар со победа го финишираа есенскиот дел од сезоната.На теренот на локомотива беа подобри од своите врсници од Шкендија,забележувајќи победа со 2:0.Петар Петковски и Сабахудин Аломеровиќ беа стрелци на головите.

-Добро завршена полусезона со победа против еден од нашите конкуренти,и доста квалитетен противник.Се радувам на мојот гол во првата минута,по што ни беше полесно во продолжение од натпреварот.На крајот од есенскиот дел завршивме втори.Сега ни останува да се спремаме добро за пролетната полусезона,да се обидеме да го нападнеме првото место,изјави Петар Петковски за нашиот сајт.

Вардарци имаат забележано 7 победи ,4 порази и ниеден нерешен резултат.

Звонко Ивановски

02.12.2014

Leave a Reply