Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки едни против други на Европското првенство во Унгарија и Хрватска.
Вардарки едни против други на Европското првенство во Унгарија и Хрватска.

Вардарки едни против други на Европското првенство во Унгарија и Хрватска.

Денеска беше извлечена ждрепката за Европско првенство во ракомет за жени кое од 9-21 декември оваа година ќе се одржи во Унгарија и Хрватска.

Ждрепката сакаше во Б-групата да се најдат репрезентациите на Црна Гора,Франција,Србија и Словачка.Оваа група е многу интересна за нас од фактот штово првоспоменатите три репрезентации настапуваат ракометарки од нашиот тим Жрк Вардар СЦБТ.За Црна Гора настапуваат Радичевиќ и Кликовац,за нашиот северен сосед Србија ќе настапи најдобрата светска ракометарка за 2013 година Андреа Лекиќ, и во Француската репрезентација на голот ќе биде Амандин Лејно,потоа Сираба Дембеле и Алисон Пино.

Во А-групата ќе се судрат Шпанија на Бегоња Фернадез и Русија на Татјана Хмирова.Во Групата Ц ќе имаме дуел на Зебиќ(Хрватска) и Алтхаус(Германија).

Ќе биде интересно ова првенство на кое ќе преовладуваат црвено-црните девојки и се надеваме дека токму некоја од нив на крајот ќе биде Европски првак.Приматот актуелен Европски првак од првенството го држи селекција на Црна Гора која во финалето ја победи Норвешката.

Leave a Reply