Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар ги доби своите противници во ЛШ.
Жрк Вардар ги доби своите противници во ЛШ.

Жрк Вардар ги доби своите противници во ЛШ.

Втора сезона по ред во својата историја екипата на Жрк Вардар ќе се натпреварува во најголемото натпреварување Лигата на Шампионите.ЕХФ одлучи оваа сезона Вардарки директно да настапуваат во групната фаза,без кфалификации,поради одличниот пласман и освоеното трето место на завршниот турнир во Унгарија.

Вардар ќе се натпреварува во група заедно со Европскиот вице првак Будуќност(Црна Гора),и екипата на Турингер(Германија), и четвртиот противник ќе биде победникот од втората кфалификациона група.Ако се оствари варијантата да Митјаленд биде победник во таа кфалификациона група во која се наоѓаат уште Подравка,Бјасен и Раднички,тогаш оваа група ќе биде составена од три екипи кои беа дел од завршниот турнир за сезоната што измина во Унгарија.

Минатата сезона избраничките на Индира Кастратовиќ го освоија третото место на првиот фајнл-фор со победа токму против данскиот клуб,а во 1/2 дури по две продолженија беа несреќно поразени од Будуќност со кој ја отвараме новата сезона во ЛШ со гостување во Подгорица.

27.06.2014

Фото:жрквардар.мк

Leave a Reply