Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар на 30-ти јули ги “пали моторите“ за новата сезона.
Жрк Вардар на 30-ти јули ги “пали моторите“ за новата сезона.

Жрк Вардар на 30-ти јули ги “пали моторите“ за новата сезона.

Својот прв собир екипата на Жрк Вардар ќе го има на 30 јули во Скопје.Според програмата е предвидено да се тренира во Скопје една седница,по што ќе следи заминување на подготовки во Австрија,кои ќе траат од 6-14 август.

Засега е потврдено учеството на силниот турнир кој ќе се одржува во Ѓер “Хандбал Фиеста“,на кој и минатата година Вардар беше учесник,каде во финалето беа поразени токму од домаќинот на турнирот.

Клубот се засили со Барбара Лазовиќ-Варлец,Андреа Пенезиќ кои дојдоа во таборот на црвено-црните од екипата на Крим Меркатор,потоа со кружниот напаѓач Ања Алтхаус која дојде од Турингер и која треба да биде замена за Ана Џокиќ која замина во пензија,како и руските репрезентативки Олга Черноиваненко и Алена Ихнева.

Исто така Жрк Вардар СЦБТ во својот состав ги вклучи и младите Македонски ракометарки:Драгана Петковска(голман),Симона Стојановска(среден бек), и Сара Митова(лев бек) кои дојдоа од вториот тим на Жрк Вардар.

Тимот годинава го напуштија:Марина Дмитровиќ,,Марија Штерјова,Марија Лојпур,и Ана Џокиќ која стави крај на својата крај на својата играчка кариера токму во Вардар.

Фото:жрквардар.мк

07.07.2014

Leave a Reply