Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки супериорни против Ѓер.

Вардарки супериорни против Ѓер.

Жрк Вардар со победа започна на турнирот “Хандбал Фиеста“,и тоа токму против актуелниот европски шампион,екипата на Ѓер.Натпреварот помина во целосна доминација и водство на Вардарки, со исклучок на некои моменти кога Ѓер се доближуваше на 2-3 гола разлика.

andrea-lekic-300x198

Во 20 минута со голот на Андреа Лекиќ Вардар има голема предност од 11:4.На голот ја имавме одличната Амандин Лејно,која го бранеше целиот натпревар.Екипата на Ѓер ја прекинува серијата голови на Вардар,па после 8 минути постигнува погодок,дело на Ковачиќ.Првото полувреме заврши со резултата 17:10 со првиот гол на Хмирова.Во првите 30 минути,Кастратовиќ ја ротираше екипата,давајќи им шанса на скоро сите ракометарки кои ги имаше на располагање.На теренот ја видовме и новото засилување ,Руската репрезентативка Олга Черноиваненко,па со нејзиниот погодок ја одржуваме разликата стекната по првиот дел.Во 39 минута резултатот гласеше 21:14.Неколкуте грешки и избрзани напади на црвено-црните им овозможуваат на Ѓер со неколку голови во серија да се приближат на само два гола разлика.Во 47 минута резултатот беше 22:20.Сепак противникот немаше повеќе сили да направи нешто поголемо,со одбраните на Лејно која на крајот имаше 16 одбрани, Вардар успева да се одалечи повторно,и со голот на Ихнева да поведе со 26:23 во 56 мин.Пенезиќ го затвара натпреварот со погодок за конечни 29:24.

Најпрецизни во нашата екипа беа Николиќ со 5 постигнати гола сите од седум метри,Пенезиќ и Дембеле додадоа по 4 гола.

 

Leave a Reply