Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар го победи Ларвик,и го освои “Хандбал Фиеста“
Жрк Вардар го победи Ларвик,и го освои “Хандбал Фиеста“

Жрк Вардар го победи Ларвик,и го освои “Хандбал Фиеста“

Избраничките на Индира Кастратовиќ во еден тесен и неизвесен дуел успеаа да зебележат победа против Ларвик со резултат 25:24 ,и да го освојат турнирот “Хандбал Фиеста“ кој се играше во Унгарија.

Ларвик од првата минута на натпреаврот имаше водство кое на моменти достигна четири гола разлика,така во 9 минута имаа веќе предност од 3:7.Вардарки се враќаат во игра со голот на одличната Дембеле и се доближуваат на 10:11 во 24 минута,по што следи серија на Ларвик за повторно највисоки 10:14 во 28 мин.

На полувреме се замина со резултат 12:15 во корист на Норвешкиот шампион,кој продолжи и на почетокот на второто полувреме,за да имаат најголема предност од пет гола разлика 12:17 во 33 мин.Во продолжение на мечот Вардарки почнаа да играаат поагресивно во одбраната,и полека се доближуваа до противникот,со голот на Олга Черноиваненко која намалува на 17:18.Првото израмнување се случи во 43 минута кога погоди Андреа Лекиќ од 7 метри за 20:20.а во следниот напад да имаме и прво водство на овој дуел со погодокот на Сираба Дембеле.Во продолжение се игра гол за гол,но сепак Вардарки подобро се снајдоа во финишот на натпреварот и успеаа да забележат победа,и да го освојат турнирот.

Првото место добива големо значење,ако се знае дека за два дена успеавме да победиме екипи кои биле Европски шампиони.Најпрецизни во нашиот состав беа Дембеле со 6 и Черноиваненко со 4 постигнати гола.

Статистика:Радичевиќ(1),Пино,Митрова,Лазовиќ(2),Лејно,Дембеле(6),Фернандез(1),Алтхаус,Кликовац,Пенезиќ(3),Черноиваненко(4),Ихнева(2),Суслина,Хмирова(3),Лекиќ(3)

24.08.2014

Leave a Reply