Вечерва во С.Р.Ц. Кале Вардарки го одржаа својот прв тренинг и го најавија почетокот на подготовките за новата сезона.Оваа натпреаврувачка сезона сите сили ќе бидат насочени кон Лигата на Шампионите,со оглед дека оваа година Вардар нема да настапува во Регионалната лига,а во домашното првенство речиси и да немаат никаква конкуренција.
На првиот собир беа присутни новите засилувања Андреа Пенезиќ,Барбара Лазовиќ,Ања Алтхаус,Олга Черноиваненко и Алена Ихнева.Тука беа и Драгана Петковска,Сара Митова и Симона Стојановска,кои дојдоа од втората екипа на Вардар и кои имаа настап за Македонската кадетскака репрезенатција,па Индира реши да ги поштеди од напорите на првиот тренинг.
Вардар останува во Скопје до 5-ти август,а потоа заминува на припреми во Австрија.Потврдено е учеството на “Хандбал “Фиеста“ кој ќе се игра од 22-14 август,на кој покрај Вардар ќе настапи и европскиот шампион Ѓер и Ларвик од Норвешка.
30.07.2014