Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дарко Додевски: Имаме одлична екипа и очекувам до крајот да се бориме за титулата
Дарко Додевски: Имаме одлична екипа и очекувам до крајот да се бориме за титулата

Дарко Додевски: Имаме одлична екипа и очекувам до крајот да се бориме за титулата

Првиот триумф во новата сезона и за младинците на Фк Вардар. Со резултат 3:1 беа подобри на домашен терен од екипата на Победа од Прилеп. Стрелци на головите беа Беќири, Димков и Даци.

-Натпреварот помина коректно од двете страни, иако победивме со 3:0 , резултатот требаше да биде двојно поголем. Ја спроведовме нашата игра и направивме премногу шанси за постигнување на гол. Противникот беше принуден да се повлече на својата половина и својата шанса да ја чека од контра напади. Но ние не дозволивме никаква посериозна опасност по нашиот гол. 

Додевски одигра цел натпревар и беше еден од подобрите поединци кај младинците на Вардар.

-Одиграв одличен меч и мислам дека се враќам во посакуваната форма. Имаме одлична екипа и очекувам повторно да се бориме до крајот за титулата, изјави Дарко Додевски за Вардарфанс.

Фото: ТК Медиа

Звонко Ивановски